Видео: "Излегувај, се запали" - Нова снимка од хоророт во "Пулс"
Трагедијата која се случи во Кочани кога во пожар во дискотеката "Пулс" загинаа 59 лица, меѓу кои и малолетници, а околу 200 се повредени, ја зави Македонија во црно и го обиколи светот.
Деновиве на социјалните мрежи се појави ново видео од кобната ноќ на 16 март во дискотеката, каде музиката и смеата на настапот на ДНК, се претворија во очајни извици за помош и спас.
- „Излегувај, се запали Пулс“, вели девојката која го снима видеото во преполната дискотека.
Подоцна се слуша крик на снимката, и се гледа како паниката си го прави своето.
Дел од повредените од пожарот се на лекување во Клиниките низ Македонија, дел во регионот и странство. Некои веќе се вратија дома или се пуштени на домашно лекување. Уште 4-5 пациенти се во критична состојба.
Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
По трагедијата Владата прогласи седумдневна жалост, знамињата беа на половина копје, откажани беа сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена беше и програмата на медиумите. Отворени беа и книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа