Видео: Израелски агенти облечени како жени упаднаа во болница и убија тројца милитанти

 

Членови на тајна израелска единица, позната како „Шин Бет“, маскирани како жени влегле во болницата „Ибн Сина“ во окупираниот Западен Брег.

Како што се гледа на снимката од видео надзорот од болницата објавена на странските медиуми, членовите на тајната единица се маскирани како медицински лица и се пробиваат низ ходникот со кренати пушки.

Тие убиле тројца членови на палестинските вооружени групи.

Израелската војска соопшти дека мажите кои биле убиени се криеле во болницата.

Министерството за здравство на палестинската управа го обвини Израел дека извршил нов масакр во болниците.

30.01.2024 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега