(ВИДЕО) Колони возила кон Блаце поради асфалтирањето: Возачите „вријат“ од нервоза
На семафорите поставени поради асфалтирање на патот кон Блаце се чека подолго отколку на граничниот премин со Косово, “Блаце”.
Долги колони возила се формираат пред секој семафор, а градежниците мака мачат со возачите кои не ги почитуваат привремените правила, излетуваат од колоните и си возат и покрај црвеното светло на семафорите.
Оние, пак, кои остануваат во колоните и ја почитуват светлосната сигнализација, сето ѓубре од автомобилите го оставаат покрај патот.
Лименки, шишиња, ќеси и хартии, има на сите места каде што имало или се уште има семафори поради градежните активности.
Инаку за изградба на втората подделница од автопатот Скопје – Блаце преку договор со ЕБОР беа обезбедени 167,6 милиони евра. Покрај средствата обезбедени од ЕБОР, за проектот беше обезбеден и инвестициски грант од ВБИФ во износ од 20,82 милиони евра, 5,68 милиони евра грант за техничка помош, исто така, од ВБИФ и 0,35 милиони евра грант кои ЕБОР дополнително ги доделува за изработка на е-мобилити национална стратегија и акциски план за патна инфраструктура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа