(ВИДЕО) Ковачевски - Макрон: Франција сака да ја види Северна Македонија во ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Премиерот му се заблагодари на францускиот Претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ“, стои во владиното соопштение испратено до медиумите.
„Претседателот Макрон ја поздрави одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција. Ковачевски и Макрон се согласија дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ“, се додава во владиното соопштение.
31.05.2023 - 17:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа