ВИДЕО: Лефков: Филипче да каже од кои пари е изградена милионската хациенда на Водно, и дали тие средства се поврзуваат со државни тендери

Ова позади нас е хациендата на семјеството на Венко Филипче на Водно, посочи на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од овде се гледа цело Скопје, а да се изгради овој објект на оваа локација потребни се 1 милион евра, рече Лефков.

„Овој објект е граден во ек на министерувањето на Филипче, кога тој управуваше со милиони евра во здравството.

Филипче мора да одговори како е градена оваа хациенда, како се стекнати парите за истата и дали истите се доведуваат во врска со тендери или друг вид работа со државата додека тој бил на функција. Филипче мора да одговори како се прави ваква хациенда со плата?

Филипче да не се обидува да користи изговори дека оваа хациенда е на името на неговата сопруга или нејзиниот татко. Тоа што истата е градена додека тој е министер говори доволно дека може да станува збор за потенцијално криење на имот на туѓо име.

ДКСК да отвори случај и да истражи како е финансирана оваа хациенда и дали парите се доведуваат во корелација со некој тендер или државна работа.

Очекуваме ДКСК да отвори истрага за овој имот на Филипче“, нагласи Лефков.

 

17.07.2024 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега