ВИДЕО: Лефков: Веледрогерија блиска до Филипче од Онкологија земала над 12 милиони евра тендери

 

Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Ова го истакна денеска Миле Лефков - пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче.

Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година до сега земала неверојатни 35 милиони евра тендери само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Годишно во просек оваа веледрогерија блиска до Венко Филипче од Онкологија земала над 12 милиони евра тендери.

Онкологија и државата се заложници на оваа веледрогерија со огромни профити, која креира вештачки кризи секоја година.

Венко Филипче јавно да излезе и да каже дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата која ја прави и дали тој стои зад истата.

Го повикуваме ЈО веднаш да постапи и отвори случај, а истовремено да каже до каде е со истрагите од случајот ,,Диво месо''?

Ова се трговци со животи и души на луѓе и мора најостро да бидат санкционирани. Не смее да дозволиме оваа мафија на смртта да печали на грбот на народот, а особено не на болните од рак, кои секоја секунда живот повеќе им ја должат на лекарствата со кои оваа мафија тргува.

24.01.2025 - 11:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега