(ВИДЕО) Маричиќ: И после 6 години од крвавиот четврток во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ не најде сили да се извини

Инцидентите во македонското Собрание се специјалност на опозицијата, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања од собраниската говорница.
 
„Во големиот судски процес поврзан со 27 април, ако судот утврдил грешка кај притворот, тоа не значи дека нашол грешка во осудителната пресуда.
И после 6 години од крвавиот четврток во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ мисли дека насилството е легитимно политичко средство.
 
Досега опозицијата не најде сили да се извини и да подаде рака за тој настан. Продолжува да го злоупотребува и луѓето кои се жртви од манипулацијата да ги користи за собирање евтини политички поени“, изјави Маричиќ.

26.05.2023 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега