(Видео) Марија со срце за Луна: Девојче од Гевгелија продава крофни за да собере пари за лекување на нејзината сограѓанка
По потегот на малата Нина од Нови Сад која продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на својот татко, и малата Марија од Гевгелија почна да продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на Луна.
Иако живеат во ист град двете девојчиња не се познаваат, но тоа не било пречка за Марија да ја почне иницијативата и да и помогне на својата сограѓанка.
Засега продажбата на Марија оди успешно. Вчера на нејзиниот шанад имаше многу гевгеличани кои купуваа од крофните. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.
Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.
Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција во Турција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа