(Видео) Маж од Бугарија направи хаос на аеродром во Богота, се обиде да се самоубие пред патници
Маж од Бугарија направил хаос на аеродромот во Богота кога почнал да си го сече вратот пред бројни патници.
Вистинската драма се одвивала на меѓународниот аеродром Ел Дорадо во саботата вечерта, кога бугарски државјанин се пресекол по вратот со скршено стаклено шише. Тој претходно побара од имиграционите службеници да му помогнат да се врати во Европа.
Според изворите, Бугаринот дошол на аеродромот видно вознемирен, тврдејќи дека бил жртва на грабеж и дека ги изгубил сите свои лични работи – пасошот и парите.
Мажот наводно ги молел службениците на аеродромот да му помогнат да се врати во Бугарија, но тие го упатиле во амбасадата. Откако му било кажано дека нема да може да се качи во авионот, тој скршил стаклено шише и почнал сам да си го сече вратот пред многу патници на преполниот аеродром.
Патниците панично врескале додека Бугаринот се пресекол, а обезбедувањето се обидело да го грабне за да го спречат да се самоубие.
На вознемирувачката снимка се гледа како мажот се тетерави додека се обидува да побегне од полицијата која се обидува да го зашемети со пиштол за шокирање за да го смири.
Бугарскиот државјанин некако успеал да помине преку проверка пред полицијата да го совлада и да го однесе во болница.
Brat ladno krenuo da se kasapi na aerodromu jer mu nisu dali da uđe u avion! kuda ide ovaj svet??? pic.twitter.com/1yiTDgBtIe
— Rade Fantastični (@RFantasticni) August 26, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа