ВИДЕО: Милошоски во емисија дојде со осум месечниот син
Пратеникот Антонијо Милошоски денеска беше гостин во емисијата „Магазин“, но наместо за политика, зборуваше за најубавата улога во животот- татковството.
Друштво му правеше најмалиот син кој има само осум месеци.
Тој по тој повод сподели и видео на својот Фејсбук профил.
-Утрово најмалиот син Филип беше многу умен. Заедно бевме гости на “Магазин”, збор два за родителство и децата како наше најголемо богатство.
Неколку збора приватно и за мене, за семејството, која музика слушам..итн❗, стои во неговиот пост на Фејсбук.
14.12.2020 - 16:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа