ВИДЕО: Момче ја вознемирува и се изживува со лавицата Бела во Зоолошката градина
Видео на социјалната мрежа „ТикТок“ ги вознемири граѓаните. Момче се изживува и ја вознемирува лавицата Бела во скопската Зоолошка градина.
ЗОО најави пријава во полиција и зголемување на обезбедувањето.
-Во Скопје Зоо доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело, велат од ЗОО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа