ВИДЕО: На затвореник му го избришале профилот на ТикТок, откако неговите снимки станале хит
Затвореник стана сензација на TikTok откако почна да објавува видеа од него како готви во ќелијата.
Подготвил пилешка чорба, кари, палачинки и шпагети болоњезе, а едно од тие видеа собрало 1,2 милиони прегледи пред да му биде отстранета сметката.
Според порталот indy100, затвореникот го користел мобилниот телефон и интернетот за да снима и прикачува видеа за готвење, што е забрането во затвор. Се верува дека затворските службеници го предупредиле TikTok, од каде што потоа му ја деактивирале сметката на затвореникот.
Некои снимки од неговиот TikTok се објавени на YouTube. Едната покажува човек кој готви шпагети болоњезе.
Прво ги сварил шпагетите, а потоа го направил сосот со помош на конзерва од домати што ја отворил со ножички за нокти. На друга плотна ставил кромид исечкан на коцки и исечкани домати, а потоа додал мелено месо и зачини. Кога го подготвил јадењето, го послужил во чинија и напишал „Добар апетит“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа