ВИДЕО: Најубави мермерни Велигденски јајца - едноставен природен метод со преубав ефект
Доаѓа Велигден, па еве еден начин како да ги украсите велигденските јајца.
Состојки:
7-8 бели јајца
2 кесички зелена боја
Лушпи од кромид
Влажни марамчиња или газа
50 мл. алкохолен оцет
Подготовка:
Земете поголема количина на лушпи од кромид и ставете ги во блендер да се иситнат. Јајцата навлажнете ги со ладна вода и веднаш ставете ги во иситнетите лушпи од кромид и секое јајце завиткајте го со влажно марамче или газа и прицврстете со ластиче. Вака подготвените јајца наредете ги во тенџере.
Во тенџерето ставете ги кесичките со зелена боја и оцедот, варете ги јацата на тивок оган, откако водата ќе зоврие варете уште 8 до 10 минути.Откао јајцата ке се сварат истурете ја топлата вода и веднаш налијте ладна вода.
Отстранете ги марамчињата или газата од јајцата во зависност од тоа што сте користиле, исчистете ги лушпите од кромид од секое јајце и оставете јајцата добро да се изладат, па потоа со намрсена газа премачкајте го секое јајце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа