ВИДЕО: Навивач на Манчестер Јунајтед го запали дресот на Роналдо, а сега цел свет му се смее

 

Еден навивач на Манчестер Јунајтед добил внимание од светската јавност откако направил еден потег кој за многумина бил комичен.

Кога слушнал дека неговиот идол Кристијано Роналдо ќе го облече дресот на Манчестер Сити, отишол во својот орман, го зел стариот дрес на Португалецот кој го носел во Јунајтед, па го запалил.

Како што вообичаено се случува, работите набрзо почнале да се одвиваат во поинаков тек, па Португалецот наместо во Сити заврши „дома“, во Јунајтед, а навивачот се нашол на столбот на срамот меѓу фановите на Црвените ѓаволи.

Како што знаеме, неколку денови траеше напнатоста каде Роналдо ќе ја продолжи својата кариера.

Да бидеме искрени, Сити можеби беше посериозен кандидат од Јунајтед, заедно со екипата на ПСЖ, но на крајот Португалецот сепак одлучи дека ќе го облече црвениот дрес и ќе се врати таму каде што ги направи своите први чекори кон успехот.

На овој навивач сега му преостанува само да купи нов дрес од Роналдо до кој ќе биде енормно тешко да дојде.

Но, секако дека истиот стекна светска слава поради тоа што видеото се шири брзо на социјалните мрежи.

Погледнете го видеото: 

28.08.2021 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега