(ВИДЕО) Нема крај на гафовите на Бајден (81г.) - овој пат ја „утна“ со вдовицата на Навални

Американскиот претседател Џо Бајден за време на прес-конференција го згреши името на вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Вчера, Бајден се сретна со вдовицата и ќерката на покојниот руски опозиционер, Јулија и Дарија Навални во Калифорнија.

– Ја имав честа да се запознаам со сопругата и ќерката на Алексеј Навални, кој беше човек со неверојатна храброст, и неверојатно е како неговата сопруга и ќерка гледаат на тоа – изјави Бајден (81) пред новинарите во Сан Франциско.

Американскиот лидер најави нови санкции против Русија.

23.02.2024 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега