ВИДЕО: Невреме во Црна Гора - екипите на терен, домаќинствата без електрична енергија

 

Поради силното невреме кое вчера ја зафати Црна Гора, дел од северот на земјата беше без електрична енергија, а во некои општини не е воспоставено напојување со електрична енергија.

Како што објави Црногорскиот електродистрибутивен систем на својот Фејсбук профил, влажен снег наврнал во целиот северен дел од земјата, а таквиот снег е особено проблематичен за мрежата, затоа што создава дополнителен довар на проводниците и ги кине.

Наведено е дека екипи излегле на терен и дека успеале да го стабилизираат напојувањето во скоро сите северни општини, но и понатаму се работи на отстранување на проблемот во руралните подрачја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега