(ВИДЕО) Обилните врнежи поплавија подруми од куќи, оштетена и главната улица во Кавадарци

Поплавени се десетина подруми од куќи на подрачјето на Кавадарци од синоќешните обилни и силни врнежи дожд, а средишниот дел од главната улица „7 Септември“ на која се уште се работело, е оштетена, соопшти ЦУК.

Според РЦУК Велес, ангажирани се три екипи за да ги пополнат дупките на улицата кои не биле затворени. Во нив имало и едно пропаднато возило кое е извлечено со пајак.

На терен се интервенирало со три возила од општина Кавадарци кои биле во контрола на состојбата на улиците.

За испумпување на водата од поплавените подруми, на терен биле екипи од Пожарната служба на Кавадарци со две пумпи, како и екипа од „Комуналец“ исто така со две пумпи.

14.08.2022 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега