ВИДЕО: Објавена прва снимка од гласот на исчезнатиот Матеј - од тоа што се слуша ќе се наежите
Порагата по Матеј Периш не запира. Од неговото исчезнување поминаа 49 дена, а сега на социјалните мрежи се појави досега невидена снимка на која се гледа насмеаниот Матеј додека ужива во песна на Олиер Драгојевиќ со пријател на брод.
Како што е напишано на Инстаграм видеото настанало во 2019 година. На него се гледа Матеј, но се слуша и неговиот глас што може да помогне во неговата потрага, со оглед на тоа дека постои можност сега да не изгледа исто како што изгледал.
Момчето по кое се трага 49 дена во видеото ја пее песната „Среќа“.
Стиховите од хитот на Драгојевиќ, кој Матеј со насмевка и многу расположено го пее, гласат:
„Најдов мир на слободата, во празна постела и студена соба и како тоа да го опишам, не можам од среќа да дишам. Најдов мир на другата страна и немам чувство дека некој недостига, како тоа да го опишам, не можам од среќа да дишам“.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа