ВИДЕО: Пациентот лежи на операциона маса, а ечи народна музика - снимка од регионот ги запрепасти сите

 

Снимка од операциона сала во болница во Прибој, стана хит на социјалните мрежи. На неа, пациентот кој лежи на операционата маса, заедно со медицинскиот персонал го пее хитот од Сафет Исовиќ „Све бехара“, додека лекарите го оперираат.

Сестрите сакајќи да му го истераат стравот на пациентот, од мобилен телефон му пуштија народна песна и пееја и џускаа покрај операционата маса.

Во еден момент пациентот кој бил во поодминати години, само изразил желба да му дадат ракија и сѐ ќе поминало во најдобар ред.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2020 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега