ВИДЕО: Патнички авион се запали на пистата во Јужна Кореја
Авион денеска се запали на меѓународниот аеродром Гимхае. Околу 22:30 часот по локално време избувнал пожар на опашката на авионот кој требало да полета за Хонг Конг.
Според новинската агенција Јонхап, сите 170 патници и членови на екипажот биле евакуирани преку лизгалката на излезот за итни случаи, а нема повредени. Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот.
Пожарот се случи само еден месец по најсмртоносната авионска несреќа на јужнокорејска територија.
Тогаш авионот, кој полета од главниот град на Тајланд Бангкок во округот Муан во југозападна Јужна Кореја, принудно слета, се излизга на пистата на регионалниот аеродром и се запали откако удри во бетонска конструкција, анализираат медиумите.
Загинаа вкупно 179 лица. Преживеале само двајца членови на екипажот во опашката на авионот, а пилотите потоа и кажале на контролата на летање дека птица удрила во моторот на авионот.
Ongoing ! An Air Busan Airbus A321 aircraft caught fire at Gimhae International Airport (PUS).
At around 10:30pm local time on the 28th, a fire broke out in the tail section of an Air Busan plane bound for Hong Kong at Gimhae Airport.
It was reported that all 170 passengers… pic.twitter.com/pa1CwaUEj6
— FL360aero (@fl360aero) January 28, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа