(Видео) Пендаровски му додели Орден за заслуги на актерот Гоце Тодоровски

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски му врачи Орден за заслуги на актерската легенда Гоце Тодоровски.

- Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата, стои во објавата на Пендаровски на фејзбук.

Тодоровски рече дека тој е еден вид мал просветител и дека чувствува почит од сите.

- Нашата работа е занает кој се усовршува и талентот си го прави своето. Јас се уште имам желба да работам, рече тој.

27.12.2023 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега