ВИДЕО: Петков исвиркан од русофили и погоден со снежна топка
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска се најде во несекојдневна ситуација. Тој, заедно со претседателот на Народното собрание присуствуваа на одбележувањето на националниот празник, пред Споменикот на слободата на врвот Шипка каде пред 144 години се воделе клучните борби за ослободување на Бугарија од османлиското владеење.
За време на говорот Петков беше погоден со снежни топки. Поддржувачите на партијата Преродба се обидоа да го замолчат неговиот говор, јави БГНЕС.
03.03.2022 - 18:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа