ВИДЕО: Погребан Масимо Савиќ
Голем број роднини и пријателите денеска се на гробиштата во Задар за да му оддадат последна почит на пејачот Масимо Савиќ кој почина на 23 декември.
Савиќ ќе биде погребан денеска, а меѓу пријателите и соработниците кои дојдоа се Тончи Хуљиќ со сопругата, Џибони, Нено Белан и многу други.
-Задар загуби премногу, а Хрватска многу, кусо изјавил Џибони.
-Тој навистина посебно ја преживуваше уметноста и сериозно го сфаќаше тоа што го работи. Секогаш останува тој глас. И тоа ќе остане специфично, изјавил Тончи.
Сопругата Ени и ќерката Мирна беа придружувани од вереникот на Мирна, Игор Павловиќ со кој требаше да се венчаат за Нова година, а Масимо да им пее на пославата. Венчавката беше одложена.
-Денес ние тројца требаше вака да стоиме прегрнати, но пред матичарот. Тато планираше да не’ изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од животот обидувајќи се да и простам на вселената за оваа болка, напиша таа во саботата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа