ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Талески

Полицаец го удри со пендрек ракометниот репрезентативец Филип Талески и тоа во салата каде се одигра дербито меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

По тензичниот тек на мечот, се случи инцидент и турканица меѓу играчите, а еден од полициските службеници со пендрек го удри по главата македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Трофејот во македонскиот ракометен куп остана во сопственост на Вардар 1961, откако „црвено – црните“ во драматична завршница го совладаа во финалето во Охрид големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25.

 

14.05.2023 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа