ВИДЕО: Пожар во Петроварадин, пронајдени две тела
Две лица настрадаа во голем пожар кој рано утринава избил во Петроварадин. Според неофицијални информации, како што пренесува РТС, едната жртва е 71-годишен маж, додека идентитетот на другото пронајдено тело, се уште не е идентификуван. Причината за пожарот се уште не е утврдена, а нема ниту детали за бројот на повредени. Портпаролот на итната помош, Зоран Круљ соопшти дека нивната екипа интервенирала во 5 и 30 часот.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 11 пожарникари, а улицата каде што избувнал е пуштена за сообраќај од 8 часот утрово.
Според околните жители, во изгорениот објект порано била сместена дискотеката „Кабаре авантура“.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа