ВИДЕО: Предновогодишна забава за затворениците во Тетово - директорот делеше благодарници

И затворениците во Тетово добија предновогодишна забава. Управителот на затворот Ќефали Хавзиу на социјалната мрежа Фејсбук објави повеќе фотографии и видеа од атмосферата во дворот на затворот.

На видеото може да се види пејач со микрофон, трпеза со пијалаци и весела атмосфера.

-Успешно реализирана културно-уметничката програма во Затворот Тетово посветена за крајот на успешната година, особено им се заблагодаруваме на секторот за ресоцијализација и обезбедување, ресторанот ВИТААБИ-Гостивар, познатата етно група од Тетово со изведувачите Џемал, Дашмир и Бесарт, тапаните од Тетова како и почит кон осудените лица за нивното примерно однесување, напиша Хавзиу на сите Фејсбук постови од денешната атмосфера.

Тој на дел од затворениците им додели и благодарници на кои пишува дека се за особен придонес во затворот.

Пред неколку дена тој објавил и од новогодишните украси кои се поставени во дворот на затворот.

 

ДВ

24.12.2023 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега