ВИДЕО: Претседателот на Хрватска е фатен на снимка како си го закопчува шлицот, па си го брише носот со раката

 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера го одликуваше врхобосанскиот кардинал Винко Пуљиќ за, како што беше истакнато, зачувување на хрватскиот идентитет, како и за меѓурелигиски, културни и хуманитарни активности.

Поради однесувањето на Милановиќ за време на одликувањето, видеото од оваа церемонија набргу стана хит на „Твитер“.

Претседателот на Хрватска стоел до кардиналот, а камерите го снимиле во еден момент како првин си го закопчува шлицот, а потоа со раката си го брише носот, пренесува Klix.ba.

„Првин закопчување на шлицот, па бришење на носот со марамче, па сапун и парфем“, „Гледај го Пуљиќ како го гледа шлицот“, „Избриши му го носот со ракавот“, „Урнебесно. Овој господин до него гледа и се чуди“, „Ова треба да има “, „ Ги покажа сите свои вистински манири“, се само дел од реакциите на „Твитер“.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ. 

18.01.2022 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега