ВИДЕО: Приведен полицаец од Синѓелиќ, скопско, со пушка пукал на свадбена веселба
Вчера по претходно добиени информации дека полициски службеник, вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, извршил кривично дело "предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и СВР Скопје - Единица за насилен криминал и Единица за интервентна полиција, по претходно издадена наредба за претрес на дом од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд, извршен е претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во с. Синѓелиќ, скопско.
При претресот е пронајдена пушката "хуглу" модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација "екол", кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода.
По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "предизвикување општа опасност" по член 288 од КЗ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа