ВИДЕО: Прва снимка од моментот на сударот меѓу двата воза во Грција

 

Снимен шокантниот моментот кога патничкиот и товарниот воз се судрија пред Темпи, при што загинаа десетици луѓе.

Моментот на сударот го снимила безбедносна камера.

Според она што може да се види на видеото, комерцијалниот воз кој се движи кон Лариса и патничкиот воз кој тргнал од Атина се на иста линија, се движат со брзина од 166 км/ч и не можат да го избегнат судирот, по кој вагоните се палат.

Според последните информации од грчките медиуми, во оваа голема трагедија загинаа 40 луѓе, а се трага по уште 50 исчезнати. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте.

Семејствата на загинатите се во очај. Чекаат информации за своите најмили, родители ѕвонат на телефон на своите деца, но никој не им се јавува.

Министерот за транспорт Костас Караманлис поднесе оставка. Рече дека едноставно не може да се продолжи понатаму како ништо да не се случило, дека ова е единствено нешто што може да направи од почит кон жртвите.

01.03.2023 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа