ВИДЕО: Први снимки од местото на експлозијата во Нов Белград - со повредениот во возилото имало и Колумбијка
На улицата Омладинска бригада, на Нов Белград, денеска автомобил одлета во воздух, а се претпоставува дека причина за тоа може да биде бомба поставена под автомобилот.
Во возилото, како што дознава Курир.рс, се наоѓал Страхиња Стојановиќ и Колумбијка, на возраст од околу 45 години, вели извор на истрагата. Двајцата се тешко повредени.
Над Страхиња С. кој се поврзува со убиството на познатиот адвокат Драгослав Мише Огњановиќ и претходно имало обид за атентат.
На местото на настанот има полиција, пожарникари и Брза помош, а сообраќајот во една лента е запрен.
13.09.2020 - 13:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа