(ВИДЕО) Први снимки од урнатиот авион со над 240 патници: Црн чад го покрива небото
Авион на Ер Индија се урна во четврток попладне во близина на аеродромот Гуџарат во Ахмедабад, Индија. Полицијата потврди дека во авионот имало повеќе од 240 лица.
„Најмалку 242 лица биле во авионот што се урна“, потврди полицијата.
Несреќата се случила за време на полетувањето, велат медиумските извештаи.
Авионот бил на пат кон Лондон, потврди Ер Индија.
„Летот AI171, кој сообраќал на линијата Ахмедабад-Лондон Гетвик, бил вклучен во инцидент денес, 12 јуни 2025 година. Моментално ги утврдуваме деталите и ќе објавиме дополнителни информации што е можно поскоро“, рекоа тие на X.
Првите снимки од несреќата се појавија на социјалните медиуми.
На нив се гледа густ, црн чад како се крева кон небото, додека луѓето гледаат во неверица што се случило.
Досега нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи се на местото на настанот.
#BREAKING
Plane crashes at Ahmedabad Airport...An Air India plane crashed in Ahmedabad.
The accident happened during takeoff #AirIndia #planecrash pic.twitter.com/Rr5MHoDroT
— Navaneet Sharma (@Inavaneet) June 12, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа