ВИДЕО: Пукање во Сараево, таксист влегол во кафуле и ранил маж
Инцидент се случи во сараевската населба Брека, таксист влегол во кафуле и ранил маж.
„Едно лице е повредено и е упатено за укажување помош “, соопштија претходно од Оперативниот центар.
Најпрво дошло до тепачка на блиската такси постојка, а потоа таксистот Исмир Рамиќ, претходно познат на полициските власти, отишол во кафулето и го ранил младиот човек нанесувајќи му полесни физички повреди, пишува „Аваз“.
Полицијата е на терен.
Pucnjava u kafiću u centru Sarajeva pic.twitter.com/XRLkoOOjXa
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) August 14, 2023
14.08.2023 - 22:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа