ВИДЕО: Пукотници во ресторан во Сараево - тешко повреден гостин
Во сараевската населба Грбавица, во ресторанот Пејпер Мун вечерва дошло до пукање, соопшти МВР на Кантонот Сарево.
Според полицијата, во инцидентот едно лице е повредено.
– Во 20.43 часот полицијата е известена дека дошло до употреба на огнено оружје и дека притоа едно лице е повредно, соопштија од полицијата.
Полициски службеници на местото на настанот собирале докази и информации во врска со наведениот инцидент.
29.06.2020 - 22:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа