ВИДЕО: Руска телевизија со божикна порака за Европејците

 

Руската телевизија објави видео од „Божикна честитка“ до Европејците. Ова на „Твитер“ го сподели новинарот на „Би-Би-Си“, Френсис Стар, кој ги следи руските државни медиуми.

„О, боже. Руската државна телевизија има божиќна порака за Европејците“, твитна Стар покрај видеото.

Видеото го прикажува Божик во едно семејство во три последовни години. Вака Раша Тудеј го прикажува Божиќ во семеен дом во Европа со многу светилки, светла кои светат на елката. Родителите на својата воодушевена ќерка и подаруваат хрчак за Божиќ. Потоа го прикажува Божиќ оваа година, во кој семејството е во полумрак, а таткото на семејството користи тркало од хрчак за да ги напојува божиќните светилки.

Најмрачната иднина на Европа, сепак, ја предвидува Раша Тудеј за Божиќ 2023 година, кога таткото и ќерката седат на празничната трпеза во капи и капути, а мајката ќе служи оброк кој, најблаго речено, не изгледа вкусно. Излегува дека го зготвила хрчакот.

Видеото завршува со пораката: „Среќен антируски Божиќ! Ако медиумите не ви кажуваат каде оди ова, Russia Today е достапна преку VPN“.

24.12.2022 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега