ВИДЕО: Сите пишуваат за настапот на Лејди Гага во Париз, а таа не се појави

 

Американската ѕвезда Лејди Гага синоќа настапи на отворањето на Олимписките игри, а интересно е што нејзиниот настап беше однапред снимен.

Лејди Гага беше една од првите ѕвезди на Олимпијадата во Париз, но изведбата, која беше прикажана на ТВ и екраните на брегот на Сена, беше претходно снимена.

Како што јави АП, но и бројни француски медиуми, поради неизвесните временски услови, беше емитуван и претходно снимен перформанс на скалите покрај брегот на Сена.

Некои француски медиуми пишуваа дека тоа е разочарување за 320.000 гледачи на свеченото отворање.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи по прикажувањето на настапот, но не се осврна на коментарите и прашањата зошто настапот е претходно снимен.

-Иако не сум француски уметник, отсекогаш сум чувствувал многу посебна врска со француската музика – не сакав ништо повеќе освен да направам претстава што ќе го стопли срцето на Франција, ќе ја слави француската уметност и музика, и во една ваква значајна прилика да ги потсети сите на еден од најмагичните градови во светот – Париз, напиша Гага на социјалните мрежи.

27.07.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега