(ВИДЕО) Скандал во САД: Не бил задоволен од пресудата, па рипна преку биро да ја тепа судијката

На социјалните мрежи се појави видео од едно судење во американската сојузна држава Невада, каде обвинетиот маж очигледно незадоволен од пресудата ја напаѓа судијката.

Според соопштението, судијката Мери Кеј Холтус „доживеала неколку повреди“ откако паднала од своето столче.

Судскиот маршал кој ѝ пришол на помош е пренесен во болница на лекување.

На обвинетиот Деобра Делоне Реден му била изречена казна за кривично дело кражба. Против него сега се покренати нови обвиненија.

04.01.2024 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега