(ВИДЕО) Снегот пак ги изненади надлежните: Хаос на стража – заглавени камиони и автомобили во снег, патот е непрооден
Снегот на крајот на ноември по сѐ изгледа повторно ги изненади надлежните, па обилните врнежи направија вистински хаос на патиштата низ Македонија.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како десетици камиони и автомобили се заглавени на патот. Патниот правец не е исчистен и поради тоа не е ниту прооден за возилата.
Колкава е гужвата се гледа и на алатката „Гугл мапс“.
Од АМСМ информираа дека има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци:
* Кичево-Стража
* Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово
* Дебар – Маврово.
Автомотосојузот предупредува задолжително да се користат ланци на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа