ВИДЕО: Снимки од морето во Сплит ги згрозија мештаните - „Ова е еколошка катастрофа“
Пред помалку од еден месец мештаните на хрватски Врањиц организираа граѓанска иницијатива „Местото кое сака да живее - 2020“ и одржале протест на бродовите во Северното крајбрежје за да го искажат незадоволството од нерешавањето на еколошките прашања во Врњачкиот базен.
Денес тоа подрачје е погодено со нов екоцид затоа што количина на непознато средство е пуштена во морето, па се создала толкава количина на пена што површината на морето воошто не се гледа.
Причината за загадувањето е непозната, а што се случило, се обидел да објасни еден од работниците.
„Се активираше противпожарниот систем со пената која се наоѓа во силосот. Тој повеќе не може да сопре додека не истече се. Течноста е разградива и во допир со вода се претвора во пена. Не станува збор за екоцид“, рекол тој.
„Во оваа еколошка катастрофа која секој ден го погодува Врањиц, во предградието на Сплит, никој не помага! Сите институции си ја префрлуваат вината. Мислам дека е доста и треба да го сфатиме ова сериозно. Ова е врвот“, рекле мештаните.
Како што градоначланикот на местото изјавил, до излевање на противпожарната пена дошло откако во силосот во изненадно се активирал противпожарниот систем, поради што на терен сега се инспекторите на крајбрежната управа и крајбрежната капетанија и инспекторите за заштита на околината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа