(ВИДЕО) Србин се заканувал дека ќе стори ист масакр во Белград

Полицијата во Белград со брза и ефикасна акција синоќа уапси 56-годишен маж, кој повикал полиција и се заканувал дека ќе изврши масакр.

З.М. се сомнева дека вчера се јавил во полиција на телефонскиот број 192 барајќи да испратат полициска патрола да му помогне, во спротивно ќе направи „масакр како овој што се случи“.

Притоа сторил кривично дело предизвикување општа опасност, се вели во соопштението на МВР на Србија. На З.М му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

08.05.2023 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега