(ВИДЕО) Српски медиуми: Вучиќ фатен како се опива на иста маса со Шешељ

 

 

Српскиот претседател е снимен како се опива во придружба со радикалот Воислав Шешељ, јавуваат медиумите од соседството.

На снимката се гледа како Вучиќ, веројатно на свадбата на синот на Шешељ, седи на иста маса до него, а во позадина се слуша песна за четничкиот војвода Павло Ѓуришиќ.

Постапката на Вучиќ наиде на големи реакции во Србија, особено поради фактот што Шешељ е осуден за воени злосторства.

Адвокатот Чедомир Стојковиќ реагира дека е ,,срам за човештвото” претседател да пие на иста маса со осуден воен злосторник.

,,Тоа што се опива со него додека ја слуша песната во која се слави четникот Павле Ѓуришиќ чии единици извршиле злосторства за време на Втората светска војна, а потоа тој лично се здружил со единиците на НДХ и на крајот, во операцијата Вајс во 1943 година, ги здружил силите со Нацистичките сили да го нападнат нашето население е друга работа, која секој што сакаше можеше да ја знае. Дека песната ја има примитивната мелодија на воените единици кои извршија геноцид во Сребреница е трета работа'', вели адвокатот во својата објава на социјалната мрежа.

12.06.2023 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега