(ВИДЕО) Српските пожарникари свечено пречекани, Турскиот амбасадор: Србија не нè остави сами

 

Специјалистички екипи на МУП на Србија денеска се вратија од Турција.

Српските херои учествуваа во спасувачките операции по разорниот земјотрес, а пред палатата „Србија“ ги пречека министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ.

Во палатата „Србија“ денеска беше организиран свечен дочек за пожарникарите спасувачи, кои дадоа целосен придонес во акциите на потрагата по преживеани и спасувањето на населението загрозено од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.

Пред палатата „Србија“ се собраа семејства, кои едвај чекаа да ги прегрнат.

Братислав Гашиќ рече дека мислите на сите граѓани на Србија, државниот врв и МУП биле со спасувачите.

„Јас многу се гордеам и цела Србија се гордее со вас. Благодарен сум ви за сѐ што направивте“, рече тој.

Министерот истакна дека кучето Зиги покажало дека заслужува да биде во овој тим.

Турскиот амбасадор им се заблагодари на српските спасувачи и рече дека ова е историски ден за односите меѓу Турција и Србија.

„Србија не нè остави сами во овие тешки моменти“, рече амбасадорот.

Тој истакна дека во Турција дошле кога сѐ уште се тресела земјата.

17.02.2023 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега