ВИДЕО: Тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши на интензивна поради удар во главата

 

Пратеник од турската опозиција денеска итно е префрлен во болница и сместен е на интензивна нега во Анкара поради удар во главата при тепачка во парламентот.

Тепачката избувна на расправата за државниот буџет за 2023 година.

„Состојбата му се влошила поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болница, а состојбата е критична“, изјави за новинарите неговата сопартијка Ајлин Цесур, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите и видеата во турските медиуми, пратеникот е удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој досега не го коментира случајот.

Расправиите и размената на удари, како што анализираат медиумите, се честа појава за време на тензични дебати во турскиот парламент,

06.12.2022 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега