(ВИДЕО) Тешка несреќа на патот Охрид-Кичево: Брза помош на терен, автомобил излетан, возач заглавен во комбе

Тешка сообраќајна несреќа се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево. Товарно комбе се судри со автомобил марка „Фолсваген“. Возачот на комбето, се уште не е извлчен од возилото, јавува репортерот на „Макфакс“. Околу автомобилот се собрани повеќе луѓе, како и Брза помош, кои им укажуваат помош на патниците.

„Немаме информации за карактерот на повредите, увидот не е започнат. Првично е дека две-три возила се учесници во незгодата, како што ни е јавено од терен“, велат од СВР Охрид за „Макфакс“.

Двете возила се исфрлени од патот. Автомобилот е излетан на новиот дел од автопатот, додека другиот автомоби е исфрлен надвор од коловозот.

Повеќе информации од СВР Охрид најавуваат за подоцна.

31.05.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега