ВИДЕО: „Торнадо“ – нова песна и спот на Тамара Тодевска

 

Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“. Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ/Зое Кида, а за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.

„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови.

„’Торнадо’ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодот во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека ќе ѝ се допадне на мојата публика како во Македонија така и во земјите од регионот“, посочува Тамара.

Тодевска изминатиот период имаше повеќе концерти во Македонија, а со свои медиумски гостувања и настапи беше активна и во земјите од регионот, како и на неколку предевровизиски настани.

21.07.2023 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега