(ВИДЕО) Тошковски: Пролет работи во 2 смени, со 14 базни станици
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вечерва преку социјалните мрежи информираше дека од денеска пунктот Пролет работти со полн капацитет во две смени, со 14 базни станици.
„Тоа што ветивме, го остваруваме.
Од денес пунктот Пролет работи со полн капацитет во две смени, со 14 базни станици. Од ситуација кога се примаа по околу 300 барања за лични документи дневно, денес во пунктот Пролет ќе бидат примени околу 2000 барања, односно речиси 7 пати повеќе!
Благодарам на сите што го даваат својот максимум во овој процес“, напиша министерот за внатрешни работи на ФБ.
12.02.2024 - 21:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа