(ВИДЕО) Трагедија во Подгорица: Баба скокнала од мост држејќи го внучето во раце

 

Полицијата околу 11.20 часот под мост во центарот на Подгорица пронашла тело на жена (62) која била забележана со бебе во Морача.

Детето е извлечено од реката и испратено во Заводот за детски болести, пренесуваат медиумите во регионот.

Како што пишува „Новости“, постои сомневање дека бабата скокнала од мостот во Подгорица, држејќи во рацете машко бебе – внукот. Но, за среќа, веднаш на помош дошле случајни минувачи кои го извадиле детето.

Со брза реакција работниците на градското претпријатие „Зеленило„ Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак успеале да го спасат бебето од Морача.

Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебето паднало во студената река.

Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

Според написите, детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.

Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.

20.03.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега