(ВИДЕО) Турција: Мачка ги одвела спасувачите до урнатините каде што останале заробени мајка и деца

 

Иако поминаа 10 дена од разорните земјотреси во Турција и Сирија, сепак пристигнуваат неверојатни видеа од спасување на луѓе од овие земји, кои со денови беа заробени под урнатините. Во едно спасување учествувала и мачка.

На Твитер беше објавено видео на кое се гледа како мачка води тим спасувачи до урнатините на зграда во Турција.

Спасувачите потоа ги донеле на сигурно мајката и двете деца, меѓу кои и едно бебе.

Ова е уште едно во низата видеа кои ја покажуваат силната врска што постои меѓу животните и луѓето.

16.02.2023 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега