(ВИДЕО) Вучиќ: Ова е мојот последен мандат
Српскиот претседател Александар Вучуќ во годинешното обраќање кон граѓаните откри дека ова бил неговиот последен мандат за претседател.
„Сакам да ви искажам голема благодарност што разбравте сѐ што се случи минатата година, не јас, туку што ја разбирате вашата земја. Има луѓе кои знаат дека земјата е поважна од лидерите и партиите“, изјави Вучиќ.
Истакна дека неговата работа е да биде на страната на граѓаните, на секој човек во Србија.
„Тоа сè додека можам ќе го правам на најдобриот можен начин, и покрај тешките прилики“, кажа српскиот претседател.
Вучиќ кажа дека нема никаква потреба да ги лаже граѓаните, ниту да ги прикрива фактите.
„Ова е мојот последен мандат. Нема да го менувам уставот. Мојата работа е да бидам на страната на граѓаните и на секој човек во земјата, и тоа ќе го правам на најдобриот начин, и покрај тешките прилики со кои се соочуваме“, истакна Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа