Видео:Започна судењето на родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ

Денеска почна судењето на таткото и мајката на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет деца и чувар на училиште.

Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на убиецот Коста Кецмановиќ, денеска влегоа во судницата во белградската Палата на правдата, каде што започна нивното судење.

Судењето е по обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград, со кое на родителите на момчето убиец  им се става на товар обвинение дека му дозволиле на синот да користи оружје.

Мајката на момчето во судницата пристигна неколку минути по нејзините адвокати, додека таткото на Коста, Владимир Кецмановиќ влезе во судницата со лисици на рацете.

Како што пренесува „Блиц“, Владимир поминал покрај сопругата кимнувајќи и со главата, но тие немале никаква комуникација.

Зад нив во судницата седеле родителите на жртвите.

За утре е закажано уште едно рочиште. На обвинителната клупа ќе седне и Ратко И. сопственикот на стрелачкиот клуб каде момчето научило да пука, како и инструкторот во тој клуб Немања М. известуваТелеграф.

За потсетување, Владимир Кецмановиќ се товари за тешко дело против безбедноста бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје, го однел на стрелиште кое не е соодветно за возраста на момчето и затоа што не го чувал оружјето на безбеден начин, како што е предвидено со закон.

Вишото јавно обвинителство во Белград предложи судот да го осуди Владимир Кецмановиќ на максимална затворска казна од 12 години, а неговата сопруга Миљана Кецмановиќ на затворска казна од две и пол години.

Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од убиените членови на семејството за надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице.

29.01.2024 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега