Вил Смит и Мартин Лоренс го најавија „Лоши момци 4“
„Лошите момци“ официјално се враќаат, а Вил Смит и Мартин Лоренс објавија дека повторно ќе се здружат за четвртото продолжение на култната комедија.
Адил Ел Арби и Билал Фалах се враќаат да го режираат четвртото продолжение на култната комедија акција „Лоши момчиња“.
„Сони пикчрс“ потврди дека продолжението, кое сè уште нема наслов, е во рана претпродукција. Режисерите Адил Ел Арби и Билал Фалах („Госпоѓа Марвел“, „Бунтовник“) се враќаат на кормилото по сценарио на Крис Бремнер.
Смит и Лоренс објавија дека претстојниот филм официјално е во погон, и споделија видео за нивната повторна дружба.
Првиот од серијалот за двајцата добри полицајци кои знаат да се претворат во вистински лоши момци (Bad Boys), излезе во 1995 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа